Утре во рамките на 7.коло од ПМФЛ во Штип се среќаваат лутите ривали, Брегалница и Тиквеш. Речиси до вчера водеа „војна“ неколку сезони во ВМФЛ – ИСТОК, а сега првпат после 17 години ќе бидат прволигашка битка.
Офанзивниот бек на Брегалница, Михаил Маневски за утрешниот дуел со кавадарчани изјавува:
„Секако дека сакаме да победиме и да фатиме приклучок со екипите кои се при врвот на табелата. Тоа ќе биде цврст, тежок дуел, какви што се сите во елитата, но ние знаеме дека можеме и треба да ги освоиме трите бода. Тиквеш во Штип ќе дојде максимално мотивиран, затоа мора сериозно да го сфатиме овој натпревар“ истакна Маневски.