На фудбалер на Челзи му здодеа да го чека Саутгејт, ќе оди да игра за Гана

526

Младиот крилен напаѓач на европскиот првак Челзи, Калум Хадсон-Одои може да ја промени репрезентацијата, па место за Англија во иднина да настапува за Гана од каде што е татко му. Хадсон-Одои кој одигра три меча за Англија, но сите беа пријателски, додека Саутгејт делува како да не е импресиониран од младиот фудбалер па се повеќе им верува на Џејдон Санчо, Фил Фоден и Букајо Сака додека го праќа играчот на Челзи да игра за младата репрезентација на Англија.

20-годишниот Хадсон-Одои одби летоска да настапува за У21 тимот на Англија со образложение дека сака да се фокусира на својот развој во Челзи. Меѓутоа „Дејли меил“ открива дека Хадсон-Одои му здодеа да го чека Саутгејт да му даде вистинска шанса за игра, па е спремен да ја смени репрезентацијата во период кога се квалификациите за СП 2023 година.

Инаку тој може да направи промена според правилникот на ФИФА кој вели дека играчите можат да ја сменат репрезентацијата ако тие немаат повеќе од три настапи за една репрезентација пред да наполнат 21 година и немаат играно на големо натпреварување како ЕП или СП.

ПретходноПак немирно во Франција: Навивачко беснеење на мечот Ленс-Лил
СледноПораз за Валенсија во дебито на Димитријевиќ