Панчев пехарот од Бари го носел по СВАДБИ!!!

396

Пред 30 години, во мај 1991 година. Ц. Звезда и екс- СФРЈ го имаа најголемиот успех во историјата во клупскиот фудбал. Белградските “црвено – бели“ станаа европски прваци. Во тоа финале во Бари, играа и Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски, само да потсетиме за помладите наши читатели, токму со голот на “Кобрата“ Панчев во последната пенал – серија, Ц. Звезда го победи Марсеј и стана најдобриот тим во Европа.

Синиша Михајловиќ, прославениот српски фудбалер, а сега тренер на Болоња, деновиве во едно мега – интервју за медиумите во Србија, покрај друго кажа и дека пехарот што е во витрините на Ц. Звезда не е оригиналниот од Бари, туку нов, затоа што тој бил искршен од самите играчи кои се недели го влечкале, а некои го чувале и во своите витрини.

Михајловиќ кажа и интересна анегдота поврзана со нашиот Панчев.

Сите ние го носевме секаде, јас во Борово, потоа Југовиќ, па Биниќ го држеше во автомобилот и на секого го покажуваше. Дојде Панчев и ми вели-`Дај ми го пехарот, треба да го носам на свадба`-и Биниќ му го даде, а Дарко го однесе во Македонија на свадба. Навистина интересно. Инаку пехарот што е во клупските витрини на Ц. Звезда не е оригиналниот, мораше да се прави нов. Имено тој од Бари беше изудиран и искршен“ посочи Михајловиќ.

ПретходноШаховскиот Клуб Алкалоид подготвен за Европскиот клупски Куп 2001
СледноСкандалозно: Навивач тргна да се тепа со Агим Ибраими! (ВИДЕО)