Пеле повторно заврши на интезивно

264

Пеле одново е примен на оделот за интезивна нега во болница во Сао Пауло, од која на почетокот на месецот беше отпуштен по операцијата на тумор.

Оперативниот зафат е оценет како успешен, но сега дошло до мали компликации, па бразилски ЕСПН открива дека легендарниот бразилски фудбалер бил превентинво хоспитализиран.

Во моментот тој е надовр од животна опасност, но докторите одлучиле дека подобро е да биде во болница, отколку дома. Тој на 4. септември беше опериран од тумор на дебелото црево, кое му беше отстрането, но и натаму не е целосно опоравен.

ПретходноДерби Каунти оди под административна управа и ќе му oдземат 12 поени!
СледноФердинанд: Да бев јас тренер, Роналдо вака немаше да се однесува