Потпретседателот на Барса го испофали Перез: Секоја чест за Реал Мадрид

261

Потпретседателот на Барсеолна, Едуард Ромеу отворено го пофали начинот на водење бизнис и финансиските резултати на Реал Мадрид.

„Реал е голем и силен клуб, а на Перез му симнувам капа на начинот на кој го води тимот. И ние да бевме паметни ќе се најдовме во истата ситуација. Сосема е веројатно дека следната сезона ќе ги донесе Мбапе и Халанд, имаат можности за тоа. На економски и бизнис план никој нема да го искористува и уценува Перез. Многу го ценам, за него можам да кажам само најдобро“.

Реал Мадрид е еден од ретките клубови кој од финансиската криза поради пандемијата коронавирус излезе со мал губиток. Поради паметната трансфер политика во овој период заврши во мал плус, додека Барселона бележи рекорен губиток од милијарда евра.

ПретходноВардар ги пушти во продажба поединечните билети за Мешков по цена од 350 до 450 денари
СледноВМФЛ – ИСТОК: Виничани и се “острат“ на Победа!