Првиот човек на Бадел: Сите зборуваат за родова еднаквост, но во пракса сликата е поинаква!

745

Женската кошарка во Македонија и натаму се бори да излезе од дното на кое се најде, и на клупски и на репрезентативен план. Најава за подобри денови има, од оваа сезона ќе има две лиги кај дамите, останува да видиме какво ќе биде нивото на квалитетот.

Првиот човек на Бадел 1862, Љупчо Павловски на гостувањето во емисија на МТВ, вели дека за градење на силни тимови со странски кошаркарки потребни се многу финансии, а во моментов мак-клубови не можат да си го дозволат тоа. Токму затоа политиката на овој клуб кој со години доминира со години е да се вложува со домашните кошаркарки.

„Не може да се мериме со екипите од другите земји, нашата цел е нашите кошаркарки да напредуваат. Целта поради која настапуваме во јадранското натпреварување е да видиме до кај сме. Ова е добро за зголемување на нивната самодоверба, видоа како е да се натпреваруваат на меѓународна сцена.

Не можеме да најдеме пари за странски играчи, тоа за нас е висока цена“, вели Павловски.

Тој ја кажа добрата страна на ваучерите, но и испрати бројни критики. Во време кога гласно се зборува за родова еднаквост, се чини дека истата останува на зборови. Засега барем ако се земат во предвид има голема разлика во финансиите кои се делат на женските и машките клубови.

„Добро е што во последните две години функционира системот на ваучери. Тоа беше причина што се пријавијат повеќе клубови, никогаш немало толкава бројка, па направивме да има Прва и Втора лига, на секој меч има статистика и лајв стрим.Не го плаќаме судиите, котизација, делегатот.

Се зборува за родова еднаковст а во пракса е сосема поинаку. Најдобро рангираниот тим кај жените доби 2,9 милиони денари, додека најдобриот машки тим, не би спомнувал имиња, зема 13 милиони денари, односот е 1-4. Уште пофрапантно е што женските клубови од планираниот буџет добиваат 13,7%. Не бараме соодносот да биде 1-1, но сите говорат за родова еднаквост, но се чини тоа се празни зборови.

Ако имаме поголем буџет ќе можеме повеќе да ги наградиме кошаркарките, да организираме турнири, да напредуваме. Без прари нема развој“, констатира Павловски.                               

Гостувањето можете да го видите на следниот линк.

ПретходноТалентите на Ал Араби под “команда“ на Југослав Тренчовски!
СледноБрентфорд ги шокираше “волците“ на нивни терен!