Рахим Стерлинг пред неверојатна позајмица

1313

Каталонски Спорт тврди дека раководството на Барселона го сака на позајмица фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Според истиот извор на големо се работи на овој трансфер.

Тој кај Пеп Гвардиола го изгуби стартното место оваа сезона, неофицијално го изгубил влијанието кое го имал во тимот.

Сити нема ништо против да го напушти клубот, Барса се обиде да го ангажира во летниот преоден рок, но не дојде до договор.

Преговорите продолжија, засега се оди во најдобар ред, нема да биде изненадување ако англискиот репрезентативец го облече дресот на каталонскиот гигант.

Стерлинг во Барселона би дошол во јануари и би можел да остане подолг период. Тој во Сити дојде во 2015 година од редовите на Ливерпул, одигра 2971 меча и постигна 115 гола.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Силекс во дербито ја дочекува Воска, Вардар на гости во Велешта
СледноВардар ги пушти во продажба поединечните билети за Мешков по цена од 350 до 450 денари