Седлоски: Среќен сум што се враќаме на Чаир, пред нашите навивачи!

253

Утре по пауза од една година, екипата на Шкупи се враќа на својот стадион, во својот фудбалски храм, на Чаир. Последен пат играше на Чаир октомври лани и го победи Борец со 3:0, утре против истиот тим ќе го одигра првиот меч на “новиот“ Чаир.

Јасно е дека задоволството на сите во клубот, а посебно лај играчите и стручниот штаб е големо. Не е исто да играш како домаќин на други стадиони и да играш дома.

Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи тоа не го крие…

Максимално се подготвуваме за утрешниот дуел со Борец. Велешани мора да се респектираат, имаат добар тим. Утре по подолго време се враќаме дома, се враќаме на нашиот стадион на Чаир. Многу сум среќен што ете конечно ќе играме дома, ќе играме пред нашите навивачи. Ги повикувам да се направи една убава спортска атмосфера и заедно да дојдеме до трите бода“ изјави за клупскиот сајт тренерот на чаирчани.

ПретходноБраво: Фантастичен гол на Миовски со “ножички“ во Купот на Унгарија! (ВИДЕО)
СледноТалентите на Ал Араби под “команда“ на Југослав Тренчовски!