Словенија избори финале на одбојкарското ЕП!

140

Репрезентацијата на Словенија се најде во финалето на Европското одбојкарско првенство втор пат по ред откако вечерва во полуфиналето во Катовице, пред 10 илјади навивачи, ја совлада Полска со 3:1.
Словенечките одбојкари го загубија првиот сет со 25:17 меѓутоа  во жестока завршница го добија вториот со 32:30 и изедначија. Третиот сет лесно го добија со 25:16, а следуваше четвртиот во кој двете екипи не се даваа. Се следеа во поени се до 35:35. Словенците имаа дури 10 меч топки, а потоа конечно работите отидоа на нивна страна. Ги добија следните два поени и со тоа и мечот 35:37 вреден место во големото финале!

Нивен противник во финалето ќе биде подобриот од другото полуфинале помеѓу Србија и Италија кое се игра вечерва.

Словенија трет пат во историјата е во финале на ЕП. Играше во 2019 и загуби од Србија, играше и во 2015 кога подобри од нив беа Французите.

ПретходноИграч на Фиорентина заврши во болница откако се судри со статива
СледноАстон Вила за девет минути ја наполни мрежата на Евертон (видео)