Уште една одлична партија на Столе Димитриевски на голот на Рајо Ваљекано. Попладнево, во меч од 5.коло во Ла Лига, Македонецот успеа да одбрани пенал во 85.минута на дуелот против Хетафе и тоа не резултат 3:0.
Унал шутираше од белата точка во левиот долен агол, но Столе успеа да го одбрани тој шут и мечот да го зварши со “чиста“ мрежа.
На овој меч својот прв гол во дресот на Рајо Ваљекано го постигна и Радамел “Тигре“ Фалкао, кој стрелаше за 3:0 во 82.минута. Претходно головите за домашниот тим ги постигнаа Трехо од пенал во 9.минута и Цис во 78.минута.
Dimitrievski le atajó el penal a Enes Ünal.#RayoVallecano 3-0 #Getafe #LaLiga 🇪🇦pic.twitter.com/l1hcGtsylE
— Bauti (@Bau_Nickk) September 18, 2021