Иван Тричковски и во третиот натпревар беше стрелец за АЕК Ларнака во шампионатот на Кипар, а неговиот тим одигра нерешено 1:1 против Пафос.
Тричковски донесе водство во 53. минута, а потоа домашниот тим израмни.
Ова беше трет гол во третиот меч за Тричко, кој ја носи и капитенската лента на АЕК Ларнака.