Фердинанд: Да бев јас тренер, Роналдо вака немаше да се однесува

727

Легендарниот фудбалер на Манчетсер Јунајтед, Рио Фердинанд го критикуваше Оле Гунар Солскјер за она што се случува на клупата.

Не мечот против Јанг Бојс, норвешкиот стратег го извади Кристијано Роналдо од игра, со оглед на тоа дека дуелот беше драматичен Португалецот неколку пати стана од клупа и дојде до линијата довикувајќи им нешто на соиграчите.

„Јас да сум тренер ќе му кажам да седне. Го разбирам целосно. Тој е Роналдо, навивачите го сакаат и него и начинот на кој се однесува. Страствен е, очјанички сака да победува и не може да се воздржи.

Ако тоа е причината зошто тој мора да стане од клупата, да застане до тренерот и да вика инструкции, нека биде така. На крајот на краиштата, тешко е да му се спротивставиш за се што претставува”.

Со Фердинанд во студиото беше и Крауч, кој го дели истото мислење, дека Португалецот треба да седи на клупата.

„Тој е сепак Роналдо, нему се му е дозовлено“, додаде Крауч.

Јунајтед го немаше стартот од соништата во ЛШ, на гостувањето кај Јанг Бојс беше поразен со 2-1.

ПретходноПеле повторно заврши на интезивно
СледноL’Equipe ги откри деталите од договорот на Меси: Бројките се неверојатни