Јунајтед и Јувентус со големи загуби, италијанскиот тим најави нов минус

249

Фудбалските гиганти Манчестер Јунајтед и Јувентус, во петокот објавија голема финансиска загуба за сезоната 2020/21.

Премиер-лигашот откри дека во минатата сезона имал минус од 92,2 милиони фунти, што е за четири пати повеќе од претходната сезона, истиот изнесувал 23,2 милиони фунти.

Од друга страна Јувентус во сезона 2020/21 има загуба од 209,9 милиони евра, што е двојно повеќе од претходната година.

И двата клуба како причина за ваквата ситуација ја наведуваат пандемијата коронавирус. Но, додека на „Олд Трафорд“ гледаат со оптимизам поради полните трибини на стартот на новатас езона, од Јувентус најавуваат дека и новата сезона ќе ја завршат со голем минус.

ПретходноАнглискиот тим предводен од Вејн Руни е пред згаснување
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Силекс во дербито ја дочекува Воска, Вардар на гости во Велешта