Лионел Меси после 20 години ја напушти Барселона поради финансиските проблеми на клубот.
Каталонскиот гигант не можеше да му понуди нов договор, но за тоа беше подготвен ПСЖ. Меси го францускиот тим потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една години. Секако деталите околу соработката се неверојатни, тој ќе заработи голема сума на пари.
„L’Equipe“ откри дека за три години, доколку остане во ПСЖ тој ќе инкасира неверојатни 110 милиони евра нето.
Платата на Аргентинецот е 30 милиони евра по сезона, дополнителни 10 милиони евра ќе заработува за лојалност во втората и во третата сезона во клубот.
Voici la une du journal @lequipe du samedi 18 septembre 2021.
En kiosque : https://t.co/Oe3pdODgOG pic.twitter.com/qLaBX9P2er— L’ÉQUIPE (@lequipe) September 17, 2021