ВМФЛ – ИСТОК: Слога (В) “маршира“ на истокот….

1145

Слога Виница и во четвртиот меч оваа сезона во ВМФЛ – ИСТОК, успеа да извојува победа, и тоа против прилепска Победа со 2:1. Момците на тренерот Никола Кузманов просто се незапирливи. Попладнево на свој терен во водство дојдоа со голот на Митревски во 3.минута. Израмни Спиркоски во 21.минута, за да Коцевски во 90.минута и донсе победа на Слога Виница. Па така и по 4.коло Слога Виница е осамена на врвот на табелата на истокот.

Кит Го просто го „парчоса“ Братство на негов терен совладувајќи го со 4:0. Беласица извојува важна победа над Кожув во Гевгелија, а добрата форма Саса ја потврди и денеска победувајќи го Детонит со 1:0. И на крај да кажеме дека Осогово и Локомотива одиграа 2:2.

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО

БРАТСТВО – КИТ ГО 0:4

КОЖУФ – БЕЛАСИЦА 1:2

САСА – ДЕТОНИТ 1:0

СЛОГА (В) – ПОБЕДА 2:1

ОСОГОВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА 2:2

ПретходноБаерн броеше до седум со Бохум, Аугзбург со шокираше „Менш“ (ВИДЕО)
СледноЕ. Пелистер перфектно до “три од три”