Екипата на Алкалоид, дебитантот во Првата лига отвори убава страница во својата ракометна историја. На стартот на новата сезона во ова друштво запиша убедлив триумф, на домашен терен го совлада Металург РА со 37-18.
Идните ѕвезди на мак-ракомет доминираа на теренот, поведоа со 8-2, по првото полувреме имаа двоцифрено водство од 19-9. Во продолжение без проблем го диктираа своето темпо, кое беше пресилно за противникот.
Стојков со 9 гола беше прв стрелец, зад него беше Кофиловски со седум гола, шест постигна Тодески. На другата страна Ангелески, Стојчевски и Прцуловски имаа по четири погодоци.
Мечот го проследи и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој токму со својата компланија Алкалоид е главен спонзор на тимот, кој треба да придонесува за задржување на високото репрезентативно ниво.