ФОТО: FRADI.HU
Поранешниот германски репрезентативец Марко Марин има нов клуб. Тој го напушти Ал Ахли од Џеда и се врати во Европа, поточно во редовите на унгарскиот шампион Ференцварош.
Марин кој е роден во Босанска Градишка, а кариерата ја градеше во Германија. Почна во Борусија Менхенгладбах, па продолжи во Вердер, беше член на Челзи но не се изнаигра бидејќи беше позајмуван во Севиља, Фиорентина, Андерлехт, Трабзон, а во 2016 година потпиша перманентен договор со Олимпијакос. Од 2018 до 2020 играше за српскиот првак Црвена Звезда, а потоа отиде во Ал Ахли и неколку месеци играше како позајмен во Ал Раед.
Пред неколку денови за Ференцварош потпиша и босанскиот напаѓач Мухамед Бешиќ, поранешен напаѓач на Евертон.