Пак немирно во Франција: Навивачко беснеење на мечот Ленс-Лил

232

На натпреварот Ленс-Лил, навивачите на домашната екипа влегоа на терен за да се пресметаат навивачите на гостинската екипа кои седеа на спротивната страна. Фудбалот тука беше во втор план, а резултатот по првото полувреме беше 0:0 и потоа мечот беше прекинат.
На стадионот имаше околу 40.000 луѓе и после успешни преговори ситуацијата се смири и натпреварот продолжи. Ленс го победи шампионот Лил со 1:0 и воедно тоа е прва нивна победа над овој ривал по 15 години.

Oва не е прв инцидент во француската Лига 1 оваа сезона. Претходно имаше навивачки немири на мечот Ница-Марсеј, а тој не продолжи. Беше презакажан за друг датум, а Ница три меча ќе игра без публика.

ПретходноПрва радост за Лазаров и Нант
СледноНа фудбалер на Челзи му здодеа да го чека Саутгејт, ќе оди да игра за Гана