Репрезентацијата на Словенија се најде во финалето на Европското одбојкарско првенство втор пат по ред откако вечерва во полуфиналето во Катовице, пред 10 илјади навивачи, ја совлада Полска со 3:1.
Словенечките одбојкари го загубија првиот сет со 25:17 меѓутоа во жестока завршница го добија вториот со 32:30 и изедначија. Третиот сет лесно го добија со 25:16, а следуваше четвртиот во кој двете екипи не се даваа. Се следеа во поени се до 35:35. Словенците имаа дури 10 меч топки, а потоа конечно работите отидоа на нивна страна. Ги добија следните два поени и со тоа и мечот 35:37 вреден место во големото финале!
Нивен противник во финалето ќе биде подобриот од другото полуфинале помеѓу Србија и Италија кое се игра вечерва.
Словенија трет пат во историјата е во финале на ЕП. Играше во 2019 и загуби од Србија, играше и во 2015 кога подобри од нив беа Французите.