Алармантно во Автокоманда: Е.Пелистер 2 му го нанесе третиот пораз во низа на Металург

603

Екипата на Металург ниту од трет обид не успеа да дојде до првата победа во новата супер-лигашка сезона. Е.Пелистер 2 ја продлабочи кризата во редовите на тимот од Автокоманда, од Скопје си замина со победа од 28-29.

Кузманоски со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Џукиќ и Петровиќ имаа по пет погодоци. Кај поразениот тим, Озтурк запиша седум погодоци, еден помалку имаше Хорват.

Во Автокоманда се одигра одличен натпревар, водството постојано се менуваше. Во првото полувреме ниту еден од двата тима немаше повеќе од еден гол разлика. На полувремето домашниот состав имаше водство од 17-16.

Веднаш по одморот тимот од Автокоманда поведе со 20-18, позитива која ниту одблиску не беше доволна за да се урне отпорот на битолчани, кои го возвратија ударот. Напротив Е.Пелистер 2 се врати и се искачи на плус три (20-23), Металург изедначи, но одново гостите најдоа начин да се „одлепат“ и тоа на 24-26 во 55. минута, а потоа и на 26-28.

Битолчани не дозволија кам-бек, на крајот заминаа со целиот плен од Скопје.

На втората средба, Бутел Скопје едвај се справи со Тиквеш славеше со 22-21.

ПретходноПолска ја освои бронзата на одбојкарското ЕП
СледноЛани играше во Ѓорче, сега потпиша тим кој игра во ЛШ!