Дибала е многу блиску до нов договор со Јуве!

142

Пауло Дибала е многу блиску до потпишување на нов договор со Јувентус. Ова денеска го објавува “Тутоспорт“. Аргентинецот со Јуве има важечки договор до јуни следното лето, и сега е време да се расчистат некои работи. Познато е дека Дибала имаше понуди од други клубови, но “старата дама“ посакува напаѓачот да остане во Торино.

Како што се пренесува, преговорите меѓу Дибала и Јуве се во завршна фаза и тој многу брзо ќе потпише нов договор во траење од пет години.

Инаку Дибала во Јуве дојде во 2015 година и тоа за 40 милиони евра од Палермо.

Вечерва Јувентус го игра големото дерби против Милан со почеток од 20:45 часот.

Претходно„Кавани не е среќен, Роналдо му зеде се“
СледноСкандалозно: Словенците тврдат дека Полјаците ја монтирале снимката од челенџот!?