Полувреме: Шкендија води кај “пиратите“, Цветаноски и Сандеј и 2:0 на Чаир! (видео)

236

Интересни први полувремиња на шесте прволигашки меча од 7.коло. Само три голови, и тоа водат Шкендија и Шкупи. Шампионот со голот на Нафиу има 1:0 кај “пиратите“ на Автокоманда. На “новиот“ Чаир е веќе 2:0 за Шкупи. Прво мајсторија на Цветаноски а потоа и Сандеј стрела за убаво водство на момците на тренерот Седлоски. Шкупи имаше уште три зицери за поубедливо водство, велешани барем еднаш опасно се заканија.

Во скопското дерби во Ѓорче по една убава шанса на двете страни, но сепак Македонија ЃП – Работнички е 0:0. Исто без голови се игра и во Тетово, потоа во Штип, а во Битола и покрај иницијативата на А. Пандев, мрежите мируваат.

 

ПретходноФранческо Бањаја победнички во „Мизано“
СледноТриумф во ЛШ за Ристовска и ЦСКА!