Силен отпор на Охрид, бодовите за Вардар

236

Вардар 1961 дојде до третата победа во низа во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак на гостувањето кај Охрид славеше со 29-31 (11-15).

Домаќинот пружи силен отпор, што пак му оди во прилог на Вардар, особено пред дуелот со Мешков Брест во рамките на 2. коло во Лигата на шампиони.

Охриѓани поведоа со 2-1 и 3-2, на другата страна гостите набрзина дојдоа до позитива од четири гола (4-8). Следеше нов кам-бек на домашниот состав за 8-9, но подолгата клупа на Вардар пресуди, на одморот беше 11-15.

Во сличен ритам се играше во второто полувреме, охриѓани не им дозволија на „црвено-црните“ лесно да дојдат до убедливо водство, до самиот крај беа достоен противник. На крајот Вардар славеше со 29-31.

Тимур Дибиров со осум гола беше убедливо најдобар кај победникот, на другата страна Шилегов и Додиќ имаа по 6 погодоци.

ПретходноБабунски погоди против ЦСКА, Ботев Враца со пораз
СледноЛондон е син: Челзи лесно го совлада Тотенхем