Интересен меч со драматична завршница одиграа Вест Хем и Манчестер Јунајтед во 5. коло на Премиер лигата. „Чеканите“ водеа со голот на Бенрахма во 30. минута, изедначи Кристијано Роналдо пет минути подоцна па на полувреме се отиде со резултат 1:1.
При 1:1 имаше ситуација во која Роналдо беше соборен во противничкиот шеснаесетник но судијата оцени дека тоа не било доволно за пенал.
Завршните неколку минути беа тензични и помалку шокантни. Џеси Лингард во 89 минута прави пресврт за Јунајтед, за само неколку минути подоцна судијата да досуди пенал поради игра со рака на еден играч на Јунајтед.
Во 95 минута Марк Нобл се спреми да го изведе меѓутоа Давид де Геа му го одбрани шутот.
Јунајтед се искачи на второто место на табелата, додека Вест Хем е осми.
DE GEA YOU BEAUTYYYYYYYYYYYYYYYYYYYYYYpic.twitter.com/E2NKvjWrUp
— Mu. (@ElBichu7) September 19, 2021