Англиски судија: Фудбалер на Челзи сакаше да ми ги скрши нозете, да ме линчува!

369

Чудни работи, пред се закани по живот не се случуваат само во селски фудбал, туку и во Премиер – лигата. Во најсилната лига во светот.

Тоа го тврди Марк Клатенбург, некогашниот судија од Топ – класата на судии. Судија кој судеше и во ЛШ, на ЕП и СП.

Тој подготвува своја книга наречена “Свиркач“, но за “Дејли Мејл“ откри една епизода од своето дело.

На еден меч меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, кој заврши 3:2 за тимот на Фергусон, јас покажав два црвени картони на “сините“. Знаев дека по мечот ме чека пекол. Кога влегов во соблекувалната слушнав гласови и пцовки, потоа излегов и го видов Џон Оби Микел, кој ме нападна. Тргна да ме удри, ми рече дека ќе ми ги скрши нозете. Среќа што имаше тука редари, па тие ме спасија, инаку ќе бев линчуван од фудбалерот на Челзи“ посочи Клатенбург.

Инаку после тој меч судијата беше обвинет за расизам.

Не, никако. Ме обвинија дека сум го нарекол Џон Оби Микел – мајмун. Тоа е одвратно и да го помислам, а камоли да го кажам“ заврши Клатенбург.

ФОТО: Mark Clattenburg Twitter

ПретходноВистински лав – Ињаки одигра 200 мечa во Ла Лига без прекин!
СледноГурбиндо разочаран од Вардар: Велеа дека е сериозен проект, но…