Ајнтрахт ја запре победничката низа на Волфсбург, но, пак, зема само бод (ВИДЕО)

130

Фудбалерите на Волфсбург не успеаја да ја нанижат и петтата последователна победа во Бундеслигата од стартот на сезоната, откако вечерва на домашен терен одиграа 1:1 против Ајнтрахт (Ф) во последниот меч од 5. коло.

Гостите со голот на Ламерс во 38. минута најавија дека можат до изненадување, за конечно да ја прослават првата победа сезонава во германската елита, но Волфсбург не дозволи изненадувањето да се случи  откако во 70. минута Вегхорст успеа да израмни на 1:1.

 

За Ајнтрахт ова е веќе четвртото реми во петте овосезонски натпревари во Бундеслигата.

ПретходноЛани играше во Ѓорче, сега потпиша тим кој игра во ЛШ!
СледноАкраповиќ: Доминиравме 90 минути и заслужено победивме