Нови три меча денеска ќе се одиграат од 3. коло во Супер-лигата. Вардар 1961 ќе му гостува на Охрид како загревање за дуелот со Мешков Брест во Лигата на шампионите, кој се закажан за во среда.
Двата тима се од друштвото на непоразените, стартуваа со две победи во низа. Актуелниот македонски првак е фаворит на оваа средба, избраниците на Веселин Вујовиќ сакаат во триумфален ритам да влезат на мечот од ЛШ. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.
Еден час подоцна, Металург на домашен терен го пречекува незгодниот Е.Пелистер 2. Тимот од Автокоманда има два порази во низа, еден од Пролет на отварањето и еден од Прилеп, па сега нема право на кикс, време е да се разбуди и да влезе во вистински ритам. Битолчани доаѓаат мотивирани, па дефинитивно во Автокоманда ќе биде интересно.
Во истиот термин, Бутел Скопје е домаќин на Тиквеш.