Одамна е познато дека Нголо Канте, фудбалерот на Челзи и репрезентацијата на Франција, важи за еден од оние играчи кои просто не можеш а да не ги почитуваш. Со својата скромност, добродушноста, секогаш е во центарот на вниманието.
Најнов доказ за тоа е еден фудбалски фан кој при посета во маркет наишол токму на супер – ѕвездата на Челзи. Прво направил заедничка фотографија со човекот кој заработува 290.000 фунти неделно, а потоа се разврзал и разговор на фудбалски теми. Секако дека Канте не се “правел важен“ а тоа за тој навивач било големо изненадување.
“Прекрасна личност, скромен, класа од играч, какво е тоа човечко суштество“ напишал после на социјалните мрежи фанот. Тој не криел дека бил воодушевен од тоа кога видел дека самиот Канте си купува намрници и дека дошол со скромен автомобил од типот на Мини Купер.