Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен дуел одигран меѓу овие две селекции.
Нашата млада репрезентација предводена од селекторот Астрит Мерко може да жали за претрпениот пораз, со оглед на добрата игра на Македонија и неколкуте добри можности за постигнување гол. Единствениот погодок на средбата беше дело на Ботолеј во 75. минута од средбата.
Вториот контролен натпревар е закажан утре со почеток во 17:00 часот.
Астрит Мерко, предводник на женската репрезентација на Македонија до 19 години.
–Не заслуживме да изгубиме на овој натпревар, но тоа е фудбалот. Пропуштивме неколку изгледни шанси, а противникот имаше голема среќа при постигнувањето на голот. Одигравме добро, борбено, девојките покажаа голема желба за надигрување и натпреварувачки дух. Со ваква игра и со играта од последниот контролен тест против Бугарија, можеме да се надеваме на успешно претставување на претстојниот квалификациски турнир во Белорусија.
Македонија: Берна Кабакчи, Анида Идризи, Едина Сулејмани, Ана Милцеска, Викторија Недева, Ера Стеблева, Теа Божиновска, Теодора Николовска, Оливера Цоклеска, Радица Велкова, Кристина Мојсоска;
Резерви: Александра Јовановска, Емира Мета, Јана Луба Зврлеска, Ангела Зафироска, Миа Головска, Бојана Петкова, Брикена Шаќири, Александра Станисављевска, Сара Евтинџиоска, Стефанија Ристова, Дајана Ристовска;
Селектор: Астрит Мерко