Напаѓачот Абдул Калид Басид, кој шест месеци играше во Македонија ЃП, сега ќе биде дел од Шериф Тираспол.
Басид од јули 2020 до јануари беше дел од тимот од Ѓорче, а потоа замина во Есперенса од Тунис. Сега пред два дена потпиша во тимот на Шериф.
Шериф игра во Лигата на шампионите, но Калид нема да игра таму бидејќи не е пријавен, и тој ќе биде достапен само за првенството на Молдавија.