Лоши вести за Бејл: Го чека пауза и до два месеци

174

Sвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл може да остане надвор од терените и до два месеци поради повредата која ја заработи при последниот настап за Реал (М).

Велшкиот интернационалец уживаше силна доверба по враќањето во шпанската престолнина откако сезоната 2020/21 ја помина на позајмица во поранешниот клуб Тотенхем.

Бејл ги започна првите три натпревари на Реал Мадрид сезонава и го постигна својот прв гол во Ла Лига од 2019 година, пред да се приклучи на репрезентацијата со Велс минатиот месец.

Сепак, тој беше подложен на дополнителни медицински тестови откако ја пропушти победата над Селта Виго минатиот викенд , а лекарските прегледи потврдиле дека повредата е сериозна и тој сега ќе мора да пропушти околу два месеци од фудбалските обврски, поради мускулен проблем.

32-годишниот крилен напаѓач веќе пропушти три натпревари поради истиот проблем, а сегашните проценки покажуваат дека тој би можел да пропушти и до 14 натпревари во Ла Лига и ЛШ.

ПретходноСпектакуларен огномет за 100-тиот роденден: Сараево гори за Железничар (ВИДЕО)
СледноПо Пјаниќ, сега нов фудбалер „жртва“ на Куман