Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид стана лидер по бројот на добиени картони во новата сезона во домашното првенство. По пет кола „јорганџиите“ се на чело на табелата но со 11 бода или еден повеќе од Реал и Валенсија кои своите меча ќе ги одиграат денеска.
Атлетико во саботата одигра без голови со Атлетик Билбао, а на мечот фудбалерите на Диего Симеоне покажаа голема доза на нервоза поради што добија шест жолти и еден црвен картон. Жоао Феликс за две минути доби две опомени и беше испратен во соблекувалната поради што му се заканува и посериозна суспензија за недолично однесување. Феликс е исклучен за прв пат во 139 меча во првенствата на Шпанија и Португалија.
Кога се ќе се собере по пет кола Атлетико доби 24 жолти и 2 црвени картони.
„Точно дека тоа е премногу, меѓутоа мораме да ги погледнеме и ситуациите кога тие картони се добиени, да се откријат причините. Ќе видите дека некои картони не требаше да бидат доделени“, објасни Симеоне.