Бобан Николов денеска го постигна првиот гол во дресот на Шериф Тираспол. Во дуелот со Зимбру, првакот на Молдавија поведе со голот на македонскиот репрезентативец.
Сепак, Зимбру израмни на крај и дуелот заврши 1:1.
Николов со Шефит пред неколку дена напиша историја, победувајќи го Шахтјор во дебито во Лигата на шампионите.