Османи: Ренова беше подобра токму за тој еден гол!

419

Ренова по цели шест месеци и го нанесе првиот пораз на Струга Трим Лум. Стружани “паднаа“ во својот 16 меч, па така сега нема непоразени во ПМФЛ сезонава.

За тоа се заслужни “гипсарите“ кои во судиското продолжение успеаја со гол од пенал преку Ремзифаик Селмани, да победат со 1:0.

Секако дека сум задоволен. Видете, не е мала работа да се победи квалитетна екипа како Струга Трим Лум. Сепак сметам дека Ренова беше подобра токму за тој еден гол. Им честитам на нашите играчи на овие три бода. Ме радува тоа што ја потврдивме добрата форма, сега е многу полесно“ изјави за Спортмедиа шефот на струката на “гипсарите“, Ќати Османи.

ПретходноМитревски тргна фуриозно, прв триумф за Кузмановски
СледноВо маркет наишол на Канте :„Какво е тоа човечко суштество“!