Завршија сите натпревари од 7.коло во ПМФЛ. Шкупи против Борец го искажа сиот свој квалитет и победи со 3:0, но имаше шанси барем за уште толку голови. Треба да се спомене дека првиот гол го даде Цветаноски по супер продорот, следуваа два гола за Сандеј. Победа за прво место на табелата.
Шкендија дојде до својата втора победа сезонава и тоа без никакви проблеми. Со головите на Нафиу и Кривак, шампионит освои три бода на Автокоманда.
Работнички продолжува со супер изданијата, овојпат славеше во Ѓорче и тоа со 2:0 против Македонија ЃП. Стојкоски и Лука Станковски беа стрелците за победа.
Брегалница со 2:0 го победи Тиквеш на Влатко Костов. Алтипармаковски и Додев стрелаа за важна победа на “сините“. Нема што, пред Костов е напорна работа да го “врати“ Тиквеш.
Ренова со голот на Селмани од пенал во судиското продолжение успеа да ја победи Струга ТЛ. Ова е прв пораз на стружани од март.
И во Битола екипата на Пелистер “извлече“ 0:0 против фаворитот А. Пандев.
РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО
ШКУПИ – БОРЕЦ 3:0
(Цветаноски 5., Сандеј 45., 67./)
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0:2
(/Нафиу 14., Кривак 68.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0:2
(/Стојкоски 50., Л. Станковски 89.)
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2:0
(Алтипармаковски 49., Додев 69./)
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 1:0
(Селмани (п) 90+2./)
ПЕЛИСТЕР – А.ПАНДЕВ 0:0