Поп Ацев и Костадинова победници на велешкиот пливачки маратон

83

Евгениј Поп Ацев и Јана Костадинова се победници на велешкиот пливачки маратон 2021 кој се одржа на езерото Младост.

Маратонот од пет километри Поп Ацев го исплива за 1:02.39. Зад него заврши Александар Илиевски.

Годинава триесетина професионални пливачи и аматери од земјава учествуваа на осмиот по ред пливачки маратон, што се одржа во водите на езеро Младост во Велес.

Во категоријата 2.500 метри професионални пливачи мажи, првото место го освои Сергеј Малјановски Арнаудовски, додека второто му припадна на Матеј Димитров. Од жените во истата категорија најдобра беше Лора Крстевска.

Во категоријата за деца до 11 години на патеката од 800 метри најдобар беше Никола Велковски.

ПретходноВо маркет наишол на Канте :„Какво е тоа човечко суштество“!
СледноБабунски погоди против ЦСКА, Ботев Враца со пораз