Миралем Пјаниќ се „спаси“ во последен час и си замина во Барселона. Не можеше повеќе да ја трпи „тортурата“ на Роналд Куман.
Но, шпанските медиуми сега пишуваат дека нов фудбалер е жртва на режимот на Куман. Станува збор за Рики Пуиг.
Пуиг е дете на Барселона, меѓутоа сега се соочува со критики од страна на тренерот.
„Треба уште многу да напредува. Сега на последниот меч се загреваше, но не влезе бидејќи Алба се повреди“, рече Куман на прес-конференцијата.