По 16 години: Италија е нов европски шампион во одбојка

229

Словенија и во третото финале на европските првенства не успеа да направи исчекор кон европскиот одбојкарски трон. Италија славеше во големото финале на ЕП во Полска, откако вечерва во неверојатно драматичен меч обезбеди победа во пет сета 3:2 (22:25, 25:20, 20:25, 25:20, 15:11) и се врати на европскиот трон за првпат по 2005 година.

Словенците кои играа и во финалето во 2015-тата и во 2019-тата кога беа поразени од Франција и Србија, сега имаа трета среќа за злато, но и таа не успеаја да ја искористат.

И двете репрезентации покажаа дека се достојни за најважниот меч на Европскиот шампионат. Словенците почнаа одлично и успеаја да го добијат првиот сет со 25:22. Италија возврати во вториот сет со константна предност (8:6, 16:13), која на крајот беше изразена со пет поени, 25:20.

Словенците потсетија на одличниот прв сет и во третиот сет успеаја да поведат. Италија се држеше на минус еден (7:8), но кон средината на сетот Словенија се одвои на 16:12 и најави дека оди на 2:1, што и се оствари со 25:20 на крајот на сетот.

Италија не се предаде. Словенија поведе со 8:6 и многумина ја видоа на европскиот трон. Италија се врати во серија и дојде до 16:13 која го трасираше четвртиот сет во нивна полза за 2:2.

Петтиот решавачки сет Словенија го отвори со 3:0, но Италија по тејм-аутот се врати за 3:3. Потоа Италијанците го преземаа водството и направија плус четири, која Словенија тешко можеше да ја следи. „Аѕурите“ стигнаа до 15:11 и се вратија на европскиот трон по пауза од 16 години.

ПретходноВинициус и Бензема за две минути ја „нокаутираа“ Валенсија (ВИДЕО)
СледноПочнаа проблемите: Покетино го извади Меси, овој не сакаше да му подаде рака (ВИДЕО)