И дефинитивно Работнички не се шегува. Извонредната форма ја покажа и денеска во Ѓорче каде со 2:0 успеа да ја победи силната, барем според имињата, екипа на Македонија ЃП. Прво Кристијан Стојкоски го “расплака“ своето Ѓорче и тоа по асистенција на уште еден некогашен “лав“, Дејан Тантуровски за 1:0. Домашните останаа со играч помалку, а потоа се бепе рутина за четата на Александар Влахо. Лука Станковски во фуинишот погоди за конечни 2:0.
Сега Работнички, со Шкупи, А. Пандев и Ренова е на делба на првото место.
Работнички не се шегува…