Прв пораз на Мурињо, Лацио извади бод (ВИДЕО)

135

Фудбалерите на Верона и го нанесоа првиот пораз на Рома во италијанското првенство оваа сезона, откако денеска во градот на љубовта славеа над римјаните со 3:2. Тимот Жозе Мурињо поведе по 36 минути со голот на Пелегрини, но Верона преку Барака во 49 и Капрари во 54 минута се врати со пресврт за 2:1.

20-годишниот Илиќ , кој дојде во Верона од Манчестер Сити за 7,5 милиони евра летово со автогол во 58-та минута и донесе на Рома среќни 2:2, но пет минути подоцна Фараони по третпат го совлада Руи Патрисио и донесе три големи бода за својот тим.

Лацио, пак,  не успеа да го совлада Каљари на Олимпико. Средбата заврши нерешено, 2:2, а за бод лацио се мачеше се до 83. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПартизан водеше, Звезда се спаси во финишот (ВИДЕО)
СледноПолска ја освои бронзата на одбојкарското ЕП