Седлоски: Убаво е да си лидер, заслужена победа, благодарност до фановите!

352

Шкупи го победи Борец со 3:0, според играта победата можеше да биде уште поубедлива, но сепак доволен е и овој резултат момците на Гоце Седлоски да го запоседнат лидерското место на табелата по ова 7.коло.

Уште еднаш се виде што значи стадионот на Чаир за Шкупи.

Па, убаво е да си лидер на табелата. Сметам дека заслужено го победивме квалитетниот состав на Борец. Честитки за моите играчи, од кои не сум задоволен само од првите минути во вториот дел. Потоа се сложија коцките, го постигнавме тој трет гол и се беше готово. Секако дека сакам да им се заблагодарам на нашите фанови кои го бодреа тимот во сите 95 минути“ изјави за Спортмедиа стратегот на Шкупи.

ПретходноПрво Стојкоски го “расплака“ своето Ѓорче, за да потоа Лука стави печат… (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛеверкузен и со играч помалку до победа над Штутгарт