Скандалозно: Словенците тврдат дека Полјаците ја монтирале снимката од челенџот!?

498

Фрапантно! Па, зарем е можно? Скандалозно! Вчера во полуфиналето на ЕП за одбојка, Словенија ја победи Полска и успеа да се пласира во финалето. Тоа беше еден од најинтересните мечеви во последно време.

Но, според словенечките навивачи, кои ТВ снимката ја пуштија на социјалните мрежи, домаќинот, односно Полјаците ја монтирале ТВ снимката од челенџот, поточно еден од двата во кои се работеше за меч – топка.

Тие се чудат зошто проверката на снимката при блок-аутот траеше предолго, и тоа дека кадрите кои навистина се малку чудни, се разликуваат.

Сепак Словенија на крајот победи, па така и ако имало било какво “местење“ и монтирање, сега веќе тоа е историја. Словенците и така победија.

ПретходноДибала е многу блиску до нов договор со Јуве!
СледноМилко пред “вечното дерби“: Ќе победат моите со 1:0, ја сакам само Ц. Звезда!