Фановите на сараевски Железничар направија спектакл на небото над Сараево по повод прославата на 100-тиот роденден на саканиот клуб.
Прославата започна вчера, а денес, на официјалниот роденден на клубот, небото над Сараево беше осветлено со огномет каков што не е виден на овие простори.
Навивачите на Железничар, популарните „Манијаци“ направија огномет од Отока до Бачаршија во должина од дури седум километри.
Небото над Сараево беше осветлено неколку минути, а сите жители на градот, но и оние што случајно се најдоа во него, можеа да уживаат во вистинскиот спектакл над нив.