Кристијан Стојкоски капитенот на Работнички и на денешниот меч со Македонија ЃП одигра капитенски. Беше стрелец на првиот гол за “романтичарите“, но не го прослави како што обично знае.
“Па, не може поинаку кога играм во моето Ѓорче. Секако дека сум радосен за победата на Работнички, но искрено не го прославив голот од респект кон мојот некогашен клуб Македонија ЃП. Покажавме дека сме добра екипа, дека играме добро, дека заслужено сме сега први врвот на табелата, на делба на првото место. Само вака да продолжиме. Овој Работнички може уште подобро“ изјави за Спортмедиа, Кристијан Кико Стојкоски.