Јунајтед ги освои бодовите, Вест Хем промаши пенал за реми во 95 минута!

256

Интересен меч со драматична завршница одиграа Вест Хем и Манчестер Јунајтед во 5. коло на Премиер лигата. „Чеканите“ водеа со голот на Бенрахма во 30. минута, изедначи Кристијано Роналдо пет минути подоцна па на полувреме се отиде со резултат 1:1.

При 1:1 имаше ситуација во која Роналдо беше соборен во противничкиот шеснаесетник но судијата оцени дека тоа не било доволно за пенал.

Завршните неколку минути беа тензични и помалку шокантни. Џеси Лингард во 89 минута прави пресврт за Јунајтед, за само неколку минути подоцна судијата да досуди пенал поради игра со рака на еден играч на Јунајтед.

Во 95 минута Марк Нобл се спреми да го изведе меѓутоа Давид де Геа му го одбрани шутот.

Јунајтед се искачи на второто место на табелата, додека Вест Хем е осми.

ПретходноПМФЛ: Моќен Шкупи, триумф и на Шкендија, “романтично“ е во Ѓорче, Ренова слави над Струга ТЛ… (ВИДЕО)
СледноПрво Стојкоски го “расплака“ своето Ѓорче, за да потоа Лука стави печат… (ФОТОГАЛЕРИЈА)