Акраповиќ: Доминиравме 90 минути и заслужено победивме

248

По денешниот триумф во Автокоманда, екипата на Шкендија имаше причина за задоволство. Тренерот Бруно Акраповиќ по мечот ги сподели своите оценки за средбата.

„Момците заслужено го добија натпреварот, доминиравме 90 минути. Мислам дека противникот освен некои долги топки, не направи ништо посебно. Дефанзивата ни функционираше одлично, исто и страничните играчи и средината. Дадовме два гола, можевме да дадеме и повеќе, но се на се, заслужена победа и се радувам дека со овие млади момци ќе добиеме и на поголема самодоверба“, вели тренерот на тетовци Акраповиќ.

ПретходноАјнтрахт ја запре победничката низа на Волфсбург, но, пак, зема само бод (ВИДЕО)
СледноСпектакуларен огномет за 100-тиот роденден: Сараево гори за Железничар (ВИДЕО)