Винициус и Бензема за две минути ја „нокаутираа“ Валенсија (ВИДЕО)

253

Страшен финиш на „кралевите“ и победа на гостувањето кај Валенсија во дербито на 5. коло во Ла Лига. Валенсија, која до ова коло имаше три победи и реми, пред своите навивачи имаше водство се до 86. минута, но дозволи за две минути не само да ја загуби предноста, туку и да го загуби големото дерби.

Откако првото полувреме заврши без голови, Хуго Дуро во 66. минута и донесе предност на Валенсија од 1:0. Оваа предност домашните ја задржаа точно 20 минути, се до моментот кога Винициус Жуниор успеа да погоди за 1:1, а само две минути подоцна, Карим Бензема по асистенција на Винициус да направи и целосен пресврт за победа на гостите од 2:1.

Реал (М) ја оствари и четвртата сезонска победа и се уште е без пораз на лидерското место на Ла Лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИкарди го реши дербито на „Паркот на Принцовите“ (ВИДЕО)
СледноПо 16 години: Италија е нов европски шампион во одбојка