Милко пред “вечното дерби“: Ќе победат моите со 1:0, ја сакам само Ц. Звезда!

1018

Летото во таа, сега веќе далечна, 1986 се случи фудбалски земјотрес во екс- СФРЈ. Најпопуларниот и најспектакуларен фудбалер во тоа време во земјата, Милко Ѓуровски од Ц. Звезда направи трансфер во најлутиот ривал, во Партизан. Со денови, со недели тоа беше тема бр.1 во екс-Ју фудбалот.

Па така во пресрет на “вечното дерби“ меѓу Партизан и Ц. Звезда, кое почнува во 18 часот вечерва, Милко од Марибор преку српски “Журнал“ порача:

Не можам да дојдам во Белград и на лице место да го следам натпреварот од познати причини. Сепак посакувам добар фудбал. Се разбира дека ќе победат моите, поточно ќе победи Ц. Звезда со 1:0. Видете, јас како некогашен играч на Партизан го респектирам тој клуб, секогаш имам емоции кон него, но во мојот живот сакам само еден клуб, само за еден клуб сум навивал и ќе навивам, а тоа е Ц. Звезда“ изјави Македонецот кој секогаш е во центарот на вниманието на овие простори.

ПретходноСкандалозно: Словенците тврдат дека Полјаците ја монтирале снимката од челенџот!?
СледноПоранешен голман на Скопје и Силекс остана без бубрег по ужасен судир (Видео)