Никола Митревски и Порто со убедлива победа ја отворија новата сезона во тамошниот шампионат.
По поразот во Лигата на шампиони се рехабилитираа на домашен терен, во првото коло од португалската лига го совладаа Хорта со 38-25.
Порто за кратко време ги реши сите дилеми, влезе моќно и сигурно, по првото полувреме поведе со 22-10 за мирен финиш. Митревски средбата ја заврши со седум одбрани.
До прва победа дојде и Филип Кузмановски, откако беа подобри од Бергишер на домашен терен со 28-20 во рамките на второто коло во Бундес-лига.
Македонскиот репрезентативец постигна еден од гол од еден обид.