Одбојкарската репрезентација на Полска е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во машка конкуренција. Денеска во „малото финале“ Полска слевеше над Србија со 3:0, по сетови 25:22, 25:16, 25:22.
Полска, со голема поддршка од трибините успеа да го повтори резултатот од претходното првенство, освојувајќи го четвртиот бронзен медал на континенталните собири.
Во првиот и третиот сет Србија беше рамноправна со противникот, но Полска во текот на целата средба имаше контрола на резултатот.
Леон го предводеше домашниот тим со 14 поени, додека Бартош Курек постигна 11 поени.